Со корекцијата што треба да се направи во септември, пензионерите ќе го добијат првото линеарно покачување од 2.500 денари, а следното линеарно покачување, исто така, од 2.500 денари ќе биде во март следната година.
Владата денеска на седница ќе ја разгледува таа информација.
Конструкцијата на проектот за зголемување на пензиите била финализирана на вчерашната средба на премиерот Христијан Мицкоски со министерката за финансии Гордана Димитриевска Кочовска и со министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани, пишува РСЕ.
Мицкоски на Фејсбук објави дека станува збор за реализација на изборно ветување кон пензионерите.
Тој во средата најави дека ќе има две линеарни зголемувања на пензиите и тоа со нивелирањето во септември и уште едно во март.
Зголемување на пензиите ќе биде вклучено во ребалансот на Буџетот, кој е најавен за средината на јули.