Филмот на познатата македонска режисерка Теона Стругар Митевска “Кога денот немаше име” ќе има две проекции на филмскиот фестивал во Сиднеј, а потоа во јули оди и на фестивал во Ерусалим.

Теона Стругар-Митевска е во Сиднеј каде што ќе го претстави филмот и ќе биде дел од конференцијата која фестивалот ја организира со фокус на новите визии на жени режисери од Европа.

Проект ‘When the Day Had No Name’ е поддржан од Агенцијата за филм на Република Македонија, а во февруари беше дел и од 67. издание на Берлинале.