Извинување до Лидија Јанчовска – таа сепак нема да биде уредник на Канал 5

Новинарката Лидија Јанчовска вечерва демантираше дека ќе биде главен и одговорен уредник на Канал 5 телевизија.

Таа на својот ФБ профил најавува дека излегува од новинарската професија и индиректно негира дека од оваа недела ќе ја преземе функцијата прв човек на информативната програма на Канал 5.

Јанчовска вели дека по 22 години ја напушта професијата но не открива каде ќе го продолжи професионалниот ангажман.

Иако со написот за именувањето на Јанчовска не беше предизвикана никаква навреда или клевета редакциајта на expres.mk на Јанчовска и се извинува за погрешно пренесените информации од новинари во Канал 5.