Венко Филипче во гостувањето на емисијата ,,Политиканти” призна дека има “Златна виза” за Дубаи.
“за визата од Дубаи, таа не е поврзана со инвестиции, тоа беше пред да бидам пратеник и претседател на Сдсм, бев во преговори со една болница таму и добро напредуваа преговорите и сега е тоа на стенд бај”, вели Филипче за златната виза за Обединетите Арапски Емирати.
Изјавата на Филипче е чудна ако се земе предвид дека ОАЕ досега не давала “Златна виза” за преговори за незаппочната работа во Дубаи?!
Филипче не открива со која болница преговарал ниту зошто не ги завршил преговорите.
Вообичаено властите во Емиратите ја издаваат златната виза на странски таленти само доколу тие започнат да работата таму
Посебно прашање што Филипче не го објавува е дали тој преговарал како приватно лице, како лекар или како министер/политичар.
Тој не кажува ниту зошто досега го чувал во тајност овој проект што чекал истиот да го открие друг, а не да го сподели тој со јавноста.
За Филипче пред само еден месец беше шпекулација и црна пропаганда на власта и тој лично демантираше дека има Златна виза поврзана со инвестиции и милиони.
Делот од интервјуто со него е на 50 минута