Ливерпул и Рома постигнале договор за премин на Мухамед Салах од Рим на Енфилд Роуд што ќе го чини Премиерлигашот 45 милиони евра. 25. годишниот Египѓанец веќе резервирал билет за Англија за вторник кога во Ливерпул го очекуваат за медицински прегледи. Претходно деновиве имаше интензивни преговори. Рома ја одби првичната понуда од 34 милиони евра, па Ливерпул зголеми на 40, за на крајот да се дојде до конечните 45 милиони.
Црвените сега ќе се насочат кон Пјер Емерик Обемајанг за кого се пишуваше дека е пред замунување за ПСЖ, но Јирген Клоп ќе се обиде да ги искористи врските во Борусија Дортмунд и да го привлече Габонецот кој никогаш не криел дека сака да ја продолжи соработката со некогашниот тренер, кој практично го лансира Обемајанг. Цената на стрелецот е околу 60 милиони евра.