Британската полиција го објави името на напаѓачот кој е виновен за смртта на 22 лица и повредување на уште 50 во понеделникот вечерта на концертот на Аријана Гранде во Манчестер. Тоа 22. години стариот Либиец Салман Абеди за кого се верува дека поставил најмалку една бомба која експлодирала додека концертот го следеле повеќе од 10 илјади гледачи.
Абеди е мигрант-бегалец од Либија од времето кога во оваа Северно-Африканска земја владееше подоцна соборениот Моамер Ел Гадафи. За сега полицијата не објавува детали од истрагата и дали тој бил член на Ал Каеда, или на некоја од терористичките ќелии во Велика Британија. Претходно во текот на вчерашниот ден Ал Каеда ја презеде одговорноста за нападот.
Кралицата Елизабета и нејзиното семејство изразија почит, Премиерката Тереза Меј соопшти дека Абеди во Манчестер арена внел имровизирана експлозивна направа со цел да направи најголема можна штета и дека поради опасност од нови напади мобилноста се подига на највисоко ниво, а полицијата се сомнева дека постои мрежа и трага по соработниците во целиот акт.