По Рига, фудбалската репрезентација на Македонија ѝ зеде мерка на Летонија во Скопје, овојпат совладувајќи ја со 1:0 и со тоа обезбедувајќи ги првото место во групата 4 и историскиот пласман во дивизијата Б од Лигата на нациите.

Единствениот гол беше дело на Никола Серафимов во 57. минута, кому ова му е првенец во 25. настап во националниот дрес.

Со четири победи во низа, и тоа без примен гол, „црвено-жолтите“ во последното коло в недела од 15 часот исто така на Националната арена „Тодор Проески“ ги очекуваат на реванш Фарските Острови, кои славеа со 1:0 на гостувањето кај Ерменија и се искачија на второто место во групата.