„Летал“ со 151 км. на час на патот Штип-Кочани

Вчера во 15.30 часот на  општина Карбинци, Полициски службеници од Штип го привеле 26-годишниот А.М од Скопје, со живеалиште во Кочани, кој вчера на експресниот пат Штип-Кочани, кај село Крупиште, возел со 151 километри на час, информираше МВР.

„При контрола во патниот сообраќај со уред за мерење брзина – радар надвор од населено место, било измерено дека тој управува патничко возило ‘фолксваген пасат’ со кочански регистарски ознаки со брзина од 151 километри на час на место каде што брзината е ограничена на 80 километри на час.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297 – а од Кривичниот законик – безобѕирно управување со моторно возило“, се вели во полицискиот билтен.