Актерот кој по четири неуспешни номинации ја доби наградата на Филмската Академија минатата година и тоа за филмот The Revenant имал статуетка и претходно, но неа деновиве морал да ја врати. Леонардо Ди Каприо пред четири години од Red Granite Films добил на подарот статуетка која му припаѓала на славниот Марлон Брандо. Но таа е предмет на истрага и Лео морал да ја врати.
Полицијата го пофали како кооперативен актерот од големите хитови како The Wolf of Wall Street, The Great Gatsby, Body of Lies, The Aviator, Gangs of New York и редица други, а статуетката ќе биде дел од истрагата во глобалниот корупциски скандал во кој се вклучени голем број луѓе, па и премиери како тој на Малезија, Набиј Разак.

За Ди Каприо долго, пред ланското доделување во Холувуд, се зборуваше дека Оскарот му е опсесија и дека со толку номинации, а без статуетка е еден од најголемите губитници во филмскиот свет, па затоа многумина веруваат дека тој сам си го купил оскарот што сега го врати.