Еден од лидерите на вонпарламентарната партија „Левица“ Димитар Апасиев преку Фејсбук остро ги нападна претставниците на невладиниот сектор кои што станале дел од владините институции.
Според професорот Апасиев кој е еден од најистакнатите претставници на „Левицата“ која на последните парламентарни избори не успеа да освои ниту едно пратеничко место смета дека невладиниот сектор треда да остане наддвор од владата и од таму да врши корективна функција во македонското општество.
Највидлива пенетрација во институциите од страна на невладините засега има во министерството за култура каде што неколку истакнати активисти на првиот ден од преземањето на кабинетот на министерот за култура Роберт Алаѓозовски се сликаа за медиумите.