Францускиот премиер Габриел Атал во понеделник треба да ја поднесе својата оставка до претседателот Емануел Макрон, откако левичарскиот Нов народен фронт (НФП) освои најмногу парламентарни места на парламентарните избори со високи влогови.

Но, со оглед на тоа што левата коалиција не успеа да освои апсолутно мнозинство во Националното собрание, Франција се соочува со политичка неизвесност бидејќи земјата ја чека новата влада само неколку недели пред Париз да биде домаќин на Олимписките игри.

Новиот народен фронт, коалиција на левичарски партии во Франција, изненадувачки освои мнозинство места во Националното собрание.

Новиот народен фронт освоил 181 место во парламентот. На второ место (160 места) е коалицијата „Заедно“ предводена од претседателот Емануел Макрон.

Крајнодеснчарскиот „Националниот собир“ на Џордан Бардела го освои третото место со 143 места.

Републиканската партија има 45 пратенички места, уште 39 места се распределени меѓу останатите учесници на изборите.

„Ова значи дека ниту една партија не ги освоила 289 места потребни за апсолутно мнозинство, а Франција се чини дека ќе се соочи со уште поголема политичка несигурност, при што парламентот најверојатно ќе биде парализиран и поделен меѓу три блока“, коментира Си-Ен-Ен за изборните резултати.

И покрај очекувањата на Ле Пен за убедлива победа, таа останува на третото место

Премиерот Габриел Атал синоќа во својот говор тој го призна поразот.

Претседателот Емануел Макрон не даде изјава, но ќе ги анализира резултатите и нема да избрзува со новата влада.

Екстремно левичарскиот лидер Жан-Лук Меланшон прогласи победа и побара да добие мандат за состав на влада.

Левицата се појави како најголема група во новиот парламент, но допрва треба да се договори дури и за личноста која би сакала да биде нов премиер.

Водачот на крајната десница Џордан Бардела го призна поразот, но ја обвини владејачката партија за резултатот.

По првиот круг на гласање, очекувањата беа за победа и Бардела беше назначен за следен премиер.