Левентис: „Нова Македонија“ ќе биде името на Скопје

„Името на Скопје велат дека ќе биде решено. ‘Нова Македонија’ ќе биде името“, откри Василис Левентис, претседател на грчката парламентарна партија Унија на центристи, за каналот „Е“, изговарајќи го името во македонска верзија, без англиска транскрипција.



Според него, зборот Македонија му припаѓа на грчкиот народ, залагајќи се дијалогот со Скопје да продолжи без да биде вклучен тој збор во името на северниот сосед.

Левентис рече уште дека „Скопјаните не сакаат име со географска одредница“ и оти „име што би го вклучило зборот Македонија им дава можност да ги задржат статуите што ги има во некои делови од нивната земја“.

Лидерот на партијата со седум пратеници од вкупно 300 во грчкиот Парламент е убеден дека и Панос Каменос од владиниот коалициски паретнер Независни Грци, но и опозициската Нова демократија, ќе гласаат за името „Нова Македонија“ (во македонска верзија, без англиска транскрипција), кога и да дојде предлогот во законодавниот дом.