Полјакот Роберт Левандовски постигна три гола во триумфот на Полска со Романија (3-1) и остана во непосредна близина на водечкиот на листата стрелци во европските квалификации за Светското првенство во Русија следната година. Кристијано Роналдо веќе има 11 гола во шест средби, а Левандовски дојде до 8, и тоа е главната битка за неофицијалното признание.

Интересно е тоа што Роналдо веќе сега има погодоци колку Робин Ван Перси во целиот претходен циклус, а еден повеќе од Теофанис Гекас кој беше најдобар стрелец во квалификациите за СП во 2010. година.

https://youtu.be/ykEe8AIy9lg

Наш најдобар стрелец е Илија Несторовски кој даде 4 гола во шест средби и во моментов е на делба на седмото место на кое се и двајца директни противници од вечерашниот дуел на Телеком арената во Скопје, Шпанците Витоло и Диего Коста.