Бостон вечерва во дочекува Кливленд во петтиот меч од источната серија во која Кавси водат со 3-1 и со победа можат да просперираат до големото НБА финале во кое веќе ги чека Голден Стејт. Мечот во ТД Гарден вечерва е интересен и може да биде историја и поради тоа што во него, реално, Леброн Џејмс може го мине Мајкл Џордан по бројот на постигнати поени во плеј офот. Во моментов нив ги делат 27 поени, но просекот на Леброн во минатите 12 средби од ова разигрување е близу 33 по меч.