Голден Стејт повторно без проблеми го совлада Кливленд, сега со 132-113 и поведе со 2-0 во серијата која утре вечер ќе се пресели од Оукленд во Охајо. Но, прашање е колку Кавси имаат реални шанси да ја одбранат титулата ако се види како играат Кевин Дурент и Стеф Кари. Едниот 33 поена и 13 скока, другиот трипл дабл со 32 коша, 10 скока и 11 асистенции и плус Клеј Томпсон со 22 поена, а сите заедно нерешлива загатка за одбраната на гостите во Орикл центарот. Таа практично во поголем дел од деулот број 2 од финалето и не постоеше.
На спротивната страна Леброн Џејмс осамен, оставен на цедило. Имаше двоен ефект во три категории: 29 поени, 11 фатени топки и 14 додавања, но сите останати, па и Кевин Лав кој даде 27 поена, не се на ниво на предизвикот на НБА финалето.