Кливленд спавеше многу убедливо во Бостон со 135-102 и со 4-1 ја затвори финалната серија во источната конференција во НБА лигата, но тоа што му дава особен белег на овој дуел е моментот од финишот на третата четвртина, кога Леброн Џејмс со тројка го мина Мајкл Џордан на врвот од листата стрелци во плеј оф средбите во најдобрата кошаркарска лига на светот.

32. годишниот член на Кавси и во овој меч од разигрувањето, во кој Селтикс постојано беа во негатива бидејќи губеа со 43-27 по првата четвртина, уфрли нови 35 поени со кои е пред Џордан за 8. Таа разлика дополнително ќе расте, но ќе остане фактот дека шесткратниот освојувач на НБА прстени со Чикаго до бројката од 5987 коша дојде со 179 меча, а на Леброн му беа потребни 212.

Кливленд оди во финалето на НБА лигата каде во реприза од ланското издание ги чека Голден Стејт Вориорс. Првиот од најмалку четирите дуела е предвиден за 1 јуни.