Минатогодишното лето на северната хемисфера беше најжешкото во последните 2.000 години, покажува новото истражување објавено вчера.
Научниците претходно објавија дека 2023 година е најтоплата година на глобално ниво од кога во 1850 година почна да се води евиденција, но студијата во списанието Nature сугерира дека климатските промени предизвикани од човекот ги потиснаа летните пикови многу повеќе од она што е забележано во два милениума.
„Не треба да бидеме изненадени од тоа“, изјави водечкиот автор на студијата Јан Еспер за АФП.
Научниците користеле податоци од годовите на дрвја од повеќе локации низ западната хемисфера за да ги проценат глобалните температури помеѓу првиот век од нашата ера и 1850 година, пред појавата на современите инструменти.
Проценка покажа дека 2023 година била најмалку 0,5 степени Целзиусови потопла од најжешкото лето на северната хемисфера во тој период, кое било во 246 година од нашата ера.
Коавторот на студијата Макс Торбенсон им рече на новинарите дека 25 од изминатите 28 години ги надминале летните пикови од 246 – најтоплите пред да започнат современите температурни рекорди.