Лани граѓаните за онлајн купување потрошиле 573,4 милиони евра, што најмногу се купува?!

Македонците се едни од водечките купувачи онлајн во Западен Балкан, со најмногу пари потрошени во Холандија, со износ од 27 милиони евра, додека во Луксембург е направена најниската просечна трансакција. Лани Македонците најмногу купувале производи од  Холандија, Обединето Кралство и Унгарија. Во овие држави инкасирале 77 милиони евра, покажуваат податоците на Анализата изработена од Агенцијата за е-трговија на Македонија, објавена од страна на Народната Банка.

Според доставените податоци, Македонците најмногу електронски трансакции имаат извршено за одмори и патувања, а тоа ги покажуваат вкупните потрошени средства во Грција од 81,6 отсто. Дека македонските граѓани се повеќе пазарат преку интернет  покажува и податокот во кои стои дека во 2023 година, тие за вакви трансакции платиле 25 отсто повеќе во споредба со претходната година.

Највисока просечна вредност на е-трансакција Македонците оставриле во Унгарија односно 144. 3 евра, додека во Луксембург Македонците направиле најниска просечна трансакција, 11,7 евра. Најмногу трансакции се направени кон Холандија, Обединето Кралство и Унгарија и оствариле вредност од 77 милиони евра, што преставува 39% од вкупно остварената вредност онлајн во странство.

Истото е очекувано ако се има предвид дека од овие земји потекнуваат Booking.com (Холандија), Amazon UK, ASOS (Велика Британија) и WizzAir (Унгарија), додека највисокиот оставерн број на трансакции од Македонци во Луксембург се должи на тоа што во Луксембург се регистрирани европските филијали на Amazon и АliExpress преку кои се одвиваат трансакциите за најголемиот дел од европските земји, без Велика Британија.

  • Растот остварен во 2023 година во однос на минатата година изнесува 25% наспроти 46% во 2022 година спрема претходната. Притоа минатата година спрема земјите од каде што се букираат патувања и хотели имаше висок пораст, на пр. кон Холандија (114%) и Унгарија (82. 4%), а во 2023 година истиот е забавен и изнесува 41.5% и 21. 6% соодветно во однос на 2022 година.

Најголем пораст во 2023 година од земјите кои сочинуваат 72% од вкупната вредност остварена со македонски картички кон странски е-трговци е остварен кон Грција (81.6%). Онлајн купувањето кон странски платформи, без разлика дали е тоа за производи или за резеравции во хотели може да влијае позитивно и за домашните е-трговци со оглед дека се работи за менување на навики и зголемено користење на онлјан купување воопшто.

Од друга страна зголемената побарувачка ќе ги стимулира домашните трговци да ја зголемуваат и унапредуваат понудата и целокупното онлајн искуството за купувачите, вели претседателката на АЕТМ, Нина Ангеловска.

Согласно објавените податоци од Народната банка, странски иматели на платежни картички за купување производи и услуги од македонски е-трговци во 2023 година потрошиле 26.8 милиони евра, што во однос на минатата година претставува пораст од скоро 23%. Остварената вредност странските онлајн купувачи ја направиле во 852. 3 илјади трансакции или просечно потрошиле 31.4 евра по трансакција. Од вредноста на вкупно направените трансакции од странци кон македонски е-трговци во 2023 година 50% припаѓаат на иматели на платежни картички од 8 земји.

Скоро 4 милиони евра или 18. 5% од вредноста на трансакциите се направени од иматели на платежни картички издадени во САД, потоа 2. 6 милиони евра или 9. 7% од Швајцарија и 1. 7 милиони евра или 6.2% од Обединетото кралство. Потоа следат германските иматели на картички кои направиле 5. 6% од онлајн трансакциите, Турција со 4%, и Ирска и Бугарија 3% од вредноста на онлајн трансакциите.

Најголем пораст на бројот како и на вредноста на направените онлајн трансакции од странски иматели на платежни картички во 2023 година во однос на претходната година е остварен од Ирска, додека највисока просечна трансакција е направена од Бугарија во износ од 43 евра.