Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави дека Москва „завршила работа” која влијаеше врз претседателските избори во САД, минатата година.

Земјата беше обвинета дека била ангажирана во кампањата за хакирање, медиумска пропаганда и ширење дезинформации спонзорирани од државата на неколку избори во други држави изминатата година, вклучувајќи ги и претседателските избори во САД и гласањето за „Брегзит“. Кремљ ги негираше сите обвинувања.

„Си ја завршивме работата, но тоа не е едноставно“, рече Лавров во интервју за НТВ мрежата блиска до Кремљ, кое беше објавено на Фејсбук.

Запрашан во кои земји се мешала Русија ианаку претходно обвинета за вмешаност во изборите во Франција, Велика Британија и Германија, рускиот министер за надворешни работи изјави дека списокот е многу подолг.

„Вие дури и не ги наведовте сето она што го направивме во изминатата година“, рече Лавров додаде дека треба да се спомнат и Данска, Шведска, Македонија, Црна Гора и Австрија.

„Но, не успеавме да го собориме јапонскиот император“, изјави тој очигледно на шега.

Лавров рече дека јапонскиот цар ги молел да остане уште две години на престолот иако од Москва сакале тоа да  биде побрзо.