Дека домашни миленици може да ги засрамат газдите кога најмалку се очекува, покажува видео-снимката од Елисејската палата во Франција.

Главната ѕвезда на видеото е кучето на францускиот претседател Емануел Макрон, лабрадорот Немо.

Додека претседателот состаничеше со тројца министри, Немо не се воздржа и бучно изврши „мала нужда“ во каминот во просторијата.

Еден од министрите запраша дали тоа се случува често, на што Макрон одговори дека „поради вас моето куче се однесува сосема невообичаено“.

Немо, двегодишниот црн лабрадор, редовно се фотографира во друштво на Макрон и неговата сопруга Брижит, а со претседателската двојка е од август.

https://youtu.be/5_-QwI22m3o