Портпаролакта на СДСМ, Богданка Кузеска која сега ја води кампањата на актуелниот и кандидат за претседател, од свое и од име на Стево Пендаровски се огради од навредливиот коментар за Гордана Силјановска Давкова даден од граѓанин на митинг во Куманово.
Грозоморна навреда кон Силјановска на митинг на СДСМ, Пендаровски и Кузеска се смеат (ВИДЕО)
„ По повод коментарот на еден од присутните на митингот на кандидатите на претседател во Куманово, сакам да бидам транспарентна и искрена кон целата јавност. Пред сѐ, поради масовноста на митингот за жал не успеав целосно да го слушнам коментарот на еден од учесниците и да го спречам“, објави Кузевска на својот Фејсбук профил,
„Тие кои ме познаваат и како поддржувачи на партијата на којашто сум гласноговорник, но и од сите други политички партии, знаат дека остро ги осудувам коментарите кои се навредливи за жена и знаат дека сум гласна во борбата против говор на омраза кон жените. Така е и во овој случај. Коментарот е недоличен, навредлив и го осудувам. Ниту претседателот Пендаровски ниту јас не го поддржуваме коментарот“, напиша Кузеска.