Здружението под име “Асоцијација на вработените” е практично прво обединување на приватниците за кои се смета дека се околу половина милион од вкупната бројка на Кубанци, 11 милиони. Зад иницијативата стојат 90 сопственици на мали фирми кои имаат намера да обезбедат помош, обука и совети во приватниот сектор, да дојдат до кредитни линии, а и да станат влијателни во бизнис сферата на островот.
Тие се уште не добиле дозвола за работа од властите, но оваа ситуација со пролонгирање на решението од три месеци, се толкува како премолчана дозвола. Во групата заинтересирани за членство се припадници на голем број професии, околу 200, кои години веќе функционираат така, само што правата на таксистите, правниците, лекарите, запослените во услужните дејности, па дури и тие што работат на црно, се сведени на нула или пак, се далеку помали од оние што се вработени во државниот сектор.
Некои од таканаречените самозапослени веќе имаат развиена работа, дел и запослуваат по десетици луѓе и имаат годишен обрт од 100 илјади долари што во Куба каде што просечната плата е 25 долари е голема моќ, која до сега не излегуваше на површина само поради цврстата рака на комунистичката власт. Но и таа по смртта на Фидел Кастро очигледно ослабе.