Секој трет жител на планетата земја има проблеми со тежината вели научната студија на списанието New England Journal of Medicine. Таа е релевантна затоа што е правена многу темелно, во 195 земји и во еден долг преиод од 1980. година до 2015. година.

Најважниот податок е дека 2 милијарди и 200 милиони луѓе во светот имаат зголемена телесна тежина, а 700 милиони од нив се најкласично дебели. Загрижувачки е фактот дека преку 100 милиони деца до 14 години се со повеќе килограми, а и тоа што дебелината не е подеднакво распространета.

Заклучокот кој е наметнува, а произлегува и од податокот дека Американците во просек се најдебели, е дека тој просек од еден дебел на тројца жители, ако ги исклучиме сиромашните земји, е далеку поголем во развиениот свет.