Британски Индепендент се повикува на португалски извори и пишува дека најдобриот фудбалер на светот Кристијано Роналдо добил близнаци од сурогат мајка. Во информацијата се вели и дека малите се крстени Ева и Матео, а и дека наскоро Португалецот ќе излезе во јавност да ги соопшти убавите вести.
Роналдо и претходно беше поврзуван со вакви стории, а потсетуваме дека на ваков начин веќе доби син Кристијано Јуниор кој има шест години. Во меѓувреме фудбалерот на Реал Мадрид е во врска со моделот Џорџина Родригез за која, пак, шпанските медиуми претпоставија дека е трудна, а некои велат и дека во прашање се близнаци.
Ако се се оствари Кристијано Роналдо наскоро ќе има четири или пет деца, но затоа се уште нема сопруга.