Криза: Фјури го продаде Ферарито

Поранешниот светски боксерски првак Тајсон Фјури посакуваше меч со Ентони Џошуа и не го доби, а веднаш потоа го продаде своето Ферари. Сумата што ја добил од близок пријател е 160 илјади фунти и е далеку помала од објективната за овој убавец, што им даде за право на фановите кои и претходно тврдеа дека колосот од Манчестер е во финансиска криза. Според нив Фјури за само година и половина, од триумфот против Кличко, потрошил се што заработил во кариерата, а тоа се околу 18 милиони фунти.