Претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов го испочитува рокот од десет дена и денеска напладне му го предаде мандатот на лидерот на коалицијата предводена од СМСМ, Зоран Заев. Истата обезбеди мнозинско во парламентот со 67 пратеници, а во дополнителните гаранции лидерот на Социјал демократскиот сојуз во име на новото мнозинство гарантираше заштита на независноста, уставниот поредок, унитарноста, територјалната целовитост и заштита на сите витални држави интереси.
Зоран Заев тврди дека процесот на донесување на одлуки ќе биде во рамките на основните демократски принципи и владеење на правото. Тој најави дека целиот процес ќе биде забрзан и дека нема да се чека ни 20 дена за да состави влада и да предложи програма, ниту 15 дена колку што е обврската на претседателот на собранието Талат Џафери да свика седница на која ќе се избере новиот состав на владатата на Република Македонија.