Русија негира дека една декада работела против влезот на Македонија во НАТО

Русија ги демантира наводите на организацијата ОЦЦРП која во соработка со партнерите Нова ТВ и „Мрежата за известување за криминал и корупција“ објави документи поврзани со руски активности во Македонија кои се прибрани од разузнавачки извори.

„Русија целосно ги отфрла неоснованите обвинувања за руско мешање во внатрешните работи на Македонија“, се вели во изјавата на руското министерство за надворешни работи објавена синоќа.

Официјална Москва вели дека обрнала внимание на материјалот објавен од „Проектот за известување за организиран криминал и корупција“ (ОЦЦРП) кој бил објавен од голем број медиуми но истиот целосно го отфрла како неточен и насочен против имиџот на Русија, пренесуваат државните руски медиуми.

Во документот објавен од ОЦЦРП стои дека руски шпиони и дипломати цела деценија биле вклучени во активности за ширење пропаганда и провоцирање инциденти како дел од регионален план да се запре македонското членство во НАТО.

 

Во извештајот се цитираат документи во кои се вели дека и српски разузнавачи поддржувале анти – западни и проруски националисти во Македонија.