Посетата на македонскиот претседател Ѓорги Иванов на Москва и добиената награда од страна на руската православна црква не е толку важна за македонската политика колку што е важна за идните позиции и статусот на МПЦ – Охридска Архиепископија.
Со приемот на Иванов во Москва на средби со Поглаварот Кирил и претседателот Путин во дипломатска смисла е ставен крај на обидот на Српската православна црква (СПЦ) преку расчинетиот владика на МПЦ – ОА да наметне српска црковна хегемонија во Македонија.
Иако на оваа тема јавно никој не проговори освен неколку приврзаници на Вранишковски кои видоа колку е часот откако РПЦ го избра Иванов како човек кој работи на православното и христијанското помирување, но пораките се јасни српскиот егзарх устоличен во Белград е црковно минато.
Дали со тоа РПЦ сака да се одмазди на СПЦ поради тоа што таа не застана цврсто зад патријархот Кирил во врска со вселенскиот собор и распределбата на влијанието во православниот свет или се работи за конечно увидување дека МПЦ – ОА а не Јован е единствениот легитимен претставник на македонскиот православен свет во ситуацијава е најмалко важно.
Како овие пораки од Москва ќе влијаат на идните односи и во преговорите меѓу СПЦ и МПЦ – ОА ќе се види веќе наредниот месец кога според неофицијални најави треба да се сретнат работни групи на двете цркви.
Македонските владици на средбата заминуваат со силни пораки од СПЦ која што е најмоќната и најбројната црква во православниот свет.