Кремљ возврати: Навредите на Бајден за Путин ја понижуваат Америка

Кремљ реагираше на изјавата/навредата на американскиот претседател Џо Бајден кој го нарече „луд“ рускиот колега Владимир Путин со што ги понижи Соединетите Држави и оние кои користат таков речник – и е лош обид да се претстави како „холивудски каубој“, пренесува Ројтерс.

Бајден го нарече Путин „луд кучкин син“ на митинг во Сан Франциско во средата, предупредувајќи дека секогаш постои закана од нуклеарен конфликт.

„Употребата на таков јазик против шефот на друга држава од страна на претседателот на Соединетите Држави веројатно нема да го наруши нашиот претседател, претседателот Путин“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Но, тоа ги понижува оние кои користат таков речник.

Песков рече дека забелешката е „веројатно некаков обид да изгледа како холивудски каубој. Но, искрено, мислам дека тоа не е можно“.

„Дали г-дин Путин некогаш употребил еден груб збор за да ви се обрати? Ова никогаш не се случило.

Затоа, мислам дека таквиот речник ја понижува самата Америка“, рече Песков.