Реал Мадрид го победи Манчестер Јунајтед со 2-1(1-0) во УЕФА Супер купот што вечерва се одигра во Скопје. Каземиро погоди во 23. минута, а Иско во 52. за актуелниот Европски првак, а Лукаку стрелаше за победникот во Лига Европа што не беше доволно за пресврт.

Реал беше подобар во секој поглед за што најдобро говорат разликите во основните фудбалски парамери како посед на топка (59 насто), број на шутеви (16 наспроти 13 на Англичаните), двете стативи на Каземиро и Бејл, и секако најмногу поради двата гола од кои вториот беше вистинско ремек дело. Настрана што избраните од Зинедин Зидан знаеја што сакаат, цело време контролираа и диктираа, и практично се од нив завсеше.

Манчестер Јунајтед беше послаб противник во 90. минути во Скопје затоа што Жозе Мурињо не располага со таков квалитет во своите редови што ги принуди ѓаволите најчесто да бидат премногу внимателни и повеќе да затвораат отколку да се отворат за комплетен напад. Се обидоа со тоа во завршните десетина минути и имаа неколку шанси, пред се таа на Рашфорд, но младиот напаѓач не погоди за да го казни повеќето пропуштени шанси.

Реал Мадрид го одбрани трофејот во УЕФА Супер купот што освои лани во Трондхајм и дојде до четвртиот пехар од ова натпреварување. Манчестер остана на двата претходни. Целиот фудбаски пакет на Телеком арената мина во најдобар ред и со преполно гледалиште.

https://youtu.be/uBwuhDELWE4