Американскиот претседател Доналд Трамп, во наредните две недели треба да открие кој ќе го замени Брајан Хојт Ји на функцијата заменик-помошник државен секретар за Балкан.

Во моментов, на негово место времено е поставен Матју Пламер, американскиот ветеран на дипломатијата и познавач на состојбите на Балканот, пишуваат српски медиуми.

Ова прашање е од суштинско значење за албанските и бошњачките лобисти во Конгресот на САД, и дека врз американскиот претседател се вршел невиден притисок пишува „Стутник“.

На Трамп, наводно му биле предложени три лица за оваа функција.

Првиот е поранешниот американски амбасадор во Косово во времето на администрацијата на Клинтон – Кристофер Дел, околу кој и најмногу се лобирало од поддржувачите на надворешната политика предводена од Бил Клинтон на Балканот.

Ако овие шпекулации се остварат, пишува српски „Информер“, Дел како амбасадор ќе има големо политичко влијание кога станува збор за решавање на косовското прашање, а тој наводно имал и личен интерес, затоа што, како што се шпекулира, бил во тесни деловни односи со американска корпорација која учествува во изградбата автопат од Тирана до административната линија со Србија.

Како втора опција се споменувал „ млад анонимен дипломат без искуство со со овој дел од светот, за кој претседателот смета дека „доследно ќе ја  спроведува надворешната политика“, бидејќи на Балканот му треба нов лик во согласност со новата надворешна политика која ја преферира Трамп.

Како трета опција се споменува името на поранешниот амбасадор на ОБСЕ во БиХ – Џонатан Мур.