Џина Родригез малку личи на Анџелина Џоли, според многумина не е ни до половина до нејзината убавина, но успеа да измами насмевки кај Бред Пит. Филмскиот идол на многу девојки во светот, долго беше разочаран, видно пропаднат, па и ослабен, и оваа фотографија е практично првата во која тој е во вака добро расположение.


Ова по социјалните мрежи отвори широко поле за дебата, а се се сведува на прашање што имаат актерката запаметена по филмот Девицата Џејн и 21. година повозрасниот Пит кој има долга низа наслови во својата филмографија.