Кој си знае, си знае: Маестро Симон ја изненади публиката за 1 Април (ВИДЕО)

За Симон Трпчески сите знаат дека е еден од водечките светски пијанисти кој ги полни најпрестижните светски сали.

Вчера на првоаприлската премиера на оркестарската изведба на Македонисимо публиката можеше да го види во невообичаена улога како свири кларинет.

Концертот на Македонисимо во Македонската Филхармонија заедно со оркестарот Ајга во чест на денот на шегата 1 Април почна на шеговит но маестрален начин.

За какви музичари се работи најдобро говори фактот што на концертот на денот на шегата во првото дело Трпчески беше кларинетист, диригентката Ана Спасеска свиреше виолина, кавалџијата и кларинетист Хидан Мамудов свиреше пијано, виолинистот Александар Краповски диригираше и сето тоа звучеше врвно.

Македонисимо инаку дело на Панде Шахов за 13 месеци е изведен во 17 земји на светот.

Во проектот Македонисимо од Панде Шахов
во соработка со Симон Трпчески кој е посветен на македонскиот народ учествуваат:

Симон Трпчески – пијано

Хидан Мамудов – кларинет, саксофон и кавал

Александар Краповски – виолина

Александар Сомов – виолончело

Влатко Нушев – удиралки

Камерен оркестар АЈГА

Диригент – Ана Спасовска

Специјални гости:

Паскал Краповски – виолончело

Владимир Крстев – виолина

Александар Димитров – виолончело