На еден граѓанин му е потребно еден месец да дојде до нова лична карта, изјави денеска на прес-конференција техничкиот премиер Талат Џафери.
Според статиустичките податоци што ги добил, џафери соопшти дека за еден месец, од 1до 29 февруари имало 123.983 барања за пасоши, од кои биле изготвени се над 95.000
Лични карти побарале 82.235 граѓани, а изготвени се на 71.410 граѓани.
„Имајќи предвид дека има уште 50 дена до изборите, со оваа динамика, стоте илјади кои се вртат како информации дека немаат документ, во текот на март месец можат сите да се опремат со соодветен документ. Но, иницијално е граѓанинот да иницира барање за да има документ. За да имате документ, треба вие да побарате“, рече техничкиот премиер.
„Со оваа динамика, стоте илјади што се врти како информација, дека се луѓе кои немаат документ, во текот на март можат сите да се опремат со соодветни документи. Но иницијалното е од граѓаните да има барање“, додаде Џафери.
Изјавата доаѓа како одговор на Државната изборна комисија која деновиве побара пасошите со старото уставно име на денот на гласање да бидат валидни за идентификација, во ситуација ако граѓаните нема да успеат навреме да ја променат ниту личната карта.