Организацијата „Република Илирида“ на својот Твитер профил се пофали дека нејзини членови биле примени од страна на претседателот на македонското собрание Талат Џафери во неговиот кабинет, со што се потврдија информациите на expres.mk објавени минатата недела.
На профилната слика на оваа организација е прикажана стилизирана мапа на албанските простори при што половина Македонија е обоена во сино а половина во сиво. Со црвено се прикажани и делови од Црна Гора, Косово и Србија кои што заедно со синиот дел на Македонија и регионот Чамерија во Грција претставува карта на Етничка или Голема Албанија.
Припадници на оваа организација која се преставува како „Федерална единица на заедничката држава ФИРОМ“ на својот Твитер постирала слики за кои тврди дека се средба меѓу “Албанската национална армија“ и Талат Џафери во просториите на Собранието.
Според објавата на Твитер профилот на средбата се разговарало за позициите и правата на Албанците во Поранешната Југословенска Република Македонија.
Организацијата „Република Илирида“ според нејзините членови е формирана на 6 април 1992 година од активисти во Струга.
За разлика од Твитер профилот на „Република Илирида“ порталот Макфакс објавува дека во кабинетот на Џафери имало средба со поранешни борци на ОНА на која што го немало албанското знаме што според Макфакс поради што спикерот бил на удар на албанските медиуми.
За средбата меѓу членовите на „Република Илирида“ и собранискиот спикер Талат Џафери македонската јавност и медиуми не беа информирани од прес службата на македонското собрание ниту од кабинетот на првиот пратеник.