Кој сака да го убие или да го повреди македонскиот Елиот Нес и неговото семејство е прашањето што се поставува откако човекот што почна војна против една од најсилните мафии во Македонија најави дека пројавува закани по неговиот и животот на членовите на неговото семејство.
Заменик директорот на Македонски Шуми Кире Михаилов вечерва во МВР пријавил закани по живот.
Михаилов го доби прекарот Елиот Нес откако под закани на моќната ,,Дрвена мафија” на неколку локации го запре милионскиот криминал во кој беа вклучени дрвосечачи, криминалци и моќни партиски структури.
Македонскиот Елиот Нес вели дека заканите не можат да го запрат.
,,Вечерва во МВР поднесувам ПРИЈАВА поради закани насочени по здравјето на мојот живот и моите најблиски, а секако како резултат на мојот личен влог во борбата со криминалот❗️
Сакам јавно да им порачам на сите, но пред се на оние од другата страна на законот дека ниту во периодот кој одмина, ниту во периодот кој доаѓа имам намера да отстапам од ова кое што го започнав❗️
Јас не се исплашив во периодот кога мафијата ја водеше државата, уште помалку ќе застанам сега❗️
Ветивме промени, ќе ги донесеме без разлика која и каква ќе биде цената на тие промени”, објави Михаилов.
Како Михаилов го заслужи прекарот Елиот Нес
Бугари со навреди кон првиот македонски претседател Киро Глигоров и Македонците
Најчитани статии