И, се постигна навистина висока цена. Иако станува збор за помали пакети акции, но не и воопшто безначајни, особено доколку се има предвид дисперзираноста на акционерската структура, односно бројните различни акционери кои имаат капитал во таа банка, а кој се откри токму преку понудата и проспектот кои беа доставени од Комерцијална банка. Вчера поминале две блок трансакции со акциите на Стопанска банка Битола, и тоа во едната помина пакет од 2,11 отсто, а втората пакет од близу еден процент, или 0,98 проценти.Тоа се значајни сопственички промени, бидејќи продажбите се за еден и однапред познат продавач, а не знаеме дали овие два пакети ги купил еден инвеститор, или станува збор за двајца.
Повеќе на ФакторКој плати 800.000 евра за акции на Стопанска банка Битола?!
Стопанска банка Битола неодамна беше во центарот на домашната бизнис јавност, кога сите нејзини акционери добија понуда да ги продадат сите свои акции за цена од 3.200 денари за акција, и на чие големо изненадување најголемиот дел од нив, односно 55 проценти, ја одбија понудата, анализира Фактор. Откако Стопанска банка Битола информираше дека прави одредени промени во највисоките управни тела, односно номинира член од Надзорниот одбор како вршител на должноста член на Управниот одбор се до комплетирање на неговиот полн состав, на Берзата поминаа две блок трансакции со акциите на таа банка.