Додека и тој и неговите партнери од СДСМ и ДУИ ги обвинуваат сите свои критичари дека работат на руска агенда во Македонија кабинетот на претседателот Пендаровски редовно набавувал руска нафта од руската компанија Лукоил.
Цели пет години Кабинетот на Пендаровски на тендери набавува нафта за потребите на возилата на претседателот од руската компанија Лукоил.
Според порталот за јавни набавки од како станал претседател Пендаровски во сите пет години набавувал нафта од Лукоил.
Иако можел да набавува и од други добавувачи, затоа што се работи за не многу големи количини, сепак кабинетот на Пендаровски склучувал договори со Лукоил, руска јавна компанија која има блиски односи со Кремљ под водство на Владимир Путин.
Основачот на Лукоил Вагит Алекперов пред две години добил највисок руски орден директно од рускиот претседател Путин.
Главниот наратив на СДСМ и ДУИ во оваа кампања е дека двете партии треба да останат на власт за да спречат руско влијание.
Нивниот играч Пендаровски секоја година го полни буџетот на Русија и Путин со пари кои ги дава на Лукоил директно ја поткопува позицијата на СДСМ и ДУИ кои антируските позиции ги ставија и во своето главно мото на кампањата ,,Да за ЕУ , не за Русија”.
За Пендаровски очигледно дека не важи мотото ,,не за Русија”, затоа што тој со набавките од Лукоил директно го помага Путин во војната против Украина.