Кој и колку должи за данок – УЈП објави список со имиња на луѓе и фирми

Кој и колку должи за данок – УЈП објави список на должници со имиња на луѓе и фирми. На Листата на должници бр.05/2024 објавени се 1918 должници – правни лица (повеќе за 87 од претходната листа) и 3790 физички лица (повеќе за 111 од претходната листа).

Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.05/2024 изнесува 10.610.197.639 денари, (повеќе за 233.714.679 денари од претходната листа). Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 10.431.812.675 денари, (повеќе за 215.683.559 од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 178.384.964 денари (повеќе за 18.031.120 денари од претходната листа).

Детален преглен на листата може да се види тука.