Во пауза меѓу судења за повеќе кривични предмети за кои може да заглави со години в затвор градоначалникот на Струга Рамиз Мерко од ДУИ потпишува соработка со САД на чија црна листа се наоѓа.
Градоначалникот на Општина Струга Рамис Мерко пред една недела потпиша Меморандум за соработка со Амбасадата на Соединетите американски држави во Македонија за Американското катче во Струга, за период од пет години.
Меморандумот, како што соопшти Општина Струга, бил потпишан во присуство на претставничката на Американското катче (American Corner) во Струга, Ардита Емуш.
Градоначалникот Мерко е обвинет во девет активни судски постапки во судовите во Струга и Битола. Во сите му се заканува казна затвор, а минатиот месец му беше одземен и пасошот. Од 2023 година тој е на црната листа на САД.
Американски претставници во Скопје тврдат дека Вашингтон има непобитни докази дека криминалот што го правел Мерко.
Зошто тогаш сега потпишуваат договор за соработка со криминалец никому не му е јасно.
Настанот најдобро го опишува off.net.mk