Кој е експертот што предупредува на тероризам во Македонија?

Мубин Шаих кој со порака на интернет најави дека Скопје може да биде цел на терористички напад е канадски експерт за антитороризам и поранешен џихадист кој се откажал од радикалниот ислам и почнал да работи  против насилството на религиозна основа.

 „Се подготвува ли терористички напад во Скопје, Македонија“, праша тој синоќа во врска со можно насилство во Македонија.

Шаих е роден во Торонто, паралелно со државно училиште посетувал Исламско училиште каде што го изучувал Куранот. На 14 години станал дел од Кадетите на Кралската Канадска Армија но по акутна криза на идентитетот заминува во Пакистан каде што контакти со талибанското движење го внесуваат во светот на екстремизмот.

По нападите на 11 септември 2001 година во Њујорк тој минува 2 години во Сирија на исламски студии по што се откажува од радикалниот ислам и започнува со целосна дерадикализација отфрлајќи го насилството во име на религијата со тезата дека тероризмот е анатема за исламот.

По враќањето од Сирија повторно соработува со службите за безбедност како таен агент. Тој е припадник на суфитските сунити во исламот.

 

Во моментов е член на голем број академски организации во голем број на држави.

Тој ја објави фотографијата на која се гледа експлозивна направа на која на албански јазик пишува Скопје.

Соработувал со ООН, американски, канадски, европски институции и организации а пред американскиот конгрес како експерт за интернет пропаганда сведочел за „Социјалните медиуми кои ги користи ИСИС за своите цели“.