Кој е доктор А. од клиничка болница што лобира за нов лидер на СДСМ – борбата се води и во државни клиники

Лобирањето за нов лидер на СДСМ се води и во државни клиники, покажува порака на телефонска апликација која ја објавува пратеникот и потпретседател на Собранието Антонио Милошоски.

,,⚠️ Наместо да се занимава со сериозните недостатоци во битолската болница, на директорката Елизабета Ивановска (СДСМ) приоритет И е да ги организира партиски вработените да се регистрираат за гласање за изборот на новиот партиски претседател. Според пораката до вработените таа им закажува “мој термин” кај извесен Д-р Андреј.

📌 Во меѓувреме многу битолчани одат во Прилеп и Битола за одредени здравствени услуги, токму заради распаднатиот систем во болницата во Битола 💊”, пишува Милошоски кој според објавената фотографија смета дека оваа операција треба да му помогне на Венко Филипче да стане нов лидер на СДСМ.

Во пораката до вработените се бара сите што се утре на работа и носат лични карти да се регистрираат за гласање на изборите за лидер закажани за 30 Јуни.

Во пораката се бара во работно време сите членови на СДСМ кои работат на клиниката и имаат лични исправи да дојдат кај доктор А. за да можат да се регистрираат за гласањето кое ќе се одржи идната недела.

Лекарите гласачи на конгресот на СДСМ и испраќачот на пораката кои според пораката злоупотребуваат комуникација поврзана со државна здравствена установа.

Името на групата во која се праќа пораката е ,,Болница”.

Во претходните обиди СДСМ не успеа да избере нов лидер затоа што немаше кворум за избор на претседател.

Поврзани вести

Во несреќен случај

Почина поранешниот пратеник Миле Андонов