Кој е виновен за нападот врз Тодоров?

„ВМРО-ДПМНЕ е цел на напад, јас и моето семејство сме под јавна закана“, тврди лидерот на опозицијата и екс премиер Никола Груевски по нападот врз Никола Тодоров. 

Лидерот на опозицијата  го осуди инцидентот и изјави дека подолг временски период голем дел од раководството е под силна закана, притоа, додавајќи дека вината за тоа е е кај СДСМ, Шарена Револуција и Соросовите организации.

 

“СДСМ го градеа ова, со цел Зоран Заев да стане премиер, а ВМРО-ДПМНЕ да замине во опозиција и по можност да се уништи. Со лажни информации се правеше хистерија. Денешниот обид за убиство не беше случаен. Се трагало по Тодоров, одејќи пред неговиот дом. Од 2014 година сме таргет, а Никола Тодоров го нарекуваа министер за смерт. Тие ги золупотребија чуствата на народот, со што оваа платеничка група која е алчна за власт градеше атмосфера која резултираше вака. Ова не е прв случај. Пред две недели кога се гласаше Талат Џафери за претседател, беше пронајдена бомба во домот на родителите на Антонијо Милошоски, а тоа ќе резултираше со нечија смрт. Денес ден по изборот на Зоран Заев за премиер, имаме обид за убиство на Никола Тодоров“, рече претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

Груевски на прес конференцијата рече дека минатата недела бил демолиран и автомобилот на Гордана Јанкуловска, а сторителите не биле пронајдени. Денот кога беа објавени резултатите од парламентарните избори, според Груевски, било пукано и во неговиот автомобил. Тој прашува дали поддржувачите на СДСМ се бореле да дојде ваков живот во Македонија

„ВМРО-ДПМНЕ е цел на напад и оган. Ова е хајка. Очигледно СДСМ вака ја замислува демократијата. Ова е срам. Народот беше потпалуван цели три години, бидејќи поинаку не можеа да дојдат на власт. Напоменувам дека повеќемина од раководството на ВМРО-ДПМНЕ е под закана. Јас и моето семејство сме под јавна закана, од повеќе страни. Од ОНА, новинарски статии и трети страни. Инспиратор е оној кој три години бараше да дојде на власт, а не можеше по нормален пат и мораше вака“, додава Груевски.

Поранешниот премиер, Груевски потенцираше дека тие ќе продолжат да ја бараат правдата и вистината, а ова било резултат на она што се правело подолг временски период во Македонија.