Законот за организација и работа на органите на државната управа, беше донесен минатата ноќ во 02.30 часот со 88 гласа „за“ и 22 „против“ на пратеницитесо што се создаваат услови за формирање на нова влада која треба да биде предводена од мандатарот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Од 88 -те ласа „за“ 58 дадоа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, 14 од ВРЕДИ, шест од ЗНАМ, два од турската партија ТДП, еден пратеник од ДПА и шест пратеници од ДУИ.
СДСМ со 16 и Левица со шест пратеници беа „против“ измените и дополнувањата на законот со (вкупно 22 пратеници).
Моника Зајкова од ЛДП која неодамна изјави дека ќе делува „независно“ – беше отсутна.
Носењето на измените и дополнувањата на Законот за организација и работа на органите на државната управа се вовед во формирањето нова влада меѓу коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Вреди и ЗНАМ.
Мандатарот Христијан Мицкоски, кој исто така е и предлагач на измените, најави дека нова влада би можело да биде формирана пред истекувањето на дваесетдневниот рок што започна да тече во четвртокот на 6 јуни.