Министрите за надворешни работи на Грција и Македонија за дваесетина дена ќе се сретнат дури три пати што укажува на интензивна дипломатска активност на двете земји.
По средбата на 31 август во Скопје која што за грчките медиуми помина исклучително успешно двајцата топ дипломати во наредниве две недели ќе се сретнат и во Талин, Естонија на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ (Гимних) како и на маргините на генералното собрание на Обединетите Нации.
Предходно expres.mk објави дека Грција на генералното собрание бара посебна средба со Генералниот секретар на ОН Гутиереш за темите Кипар и Македонија.
Голем дел од грчките медиуми по првата средба на Коѕиас и Димитров шират оптимизам дека работите одат во добар правец затоа што Македонија е подготвена на компромис кој би бил бил прифатлив за Грција.
Според анализата на Балканската независна информативна агенција која што се финансира од Грција, со првата средба во Скопје скршен е мразот меѓу двете земји а доказ за тоа е долгиот состанок меѓу двајцата министри.
Според агенцијата за време на посетата на Скопје немало провокации а македонските власти се оправдуваат за своите статични позиции затоа што немаат простор за маневар во пресрет на локалните избори закажани за октомври.
Дел од грчките аналитичари сметаат дека Заев има да изоди тежок и долг пат до кохезија и стабилизирање на земјата и затоа не е во можност да направи чекори во правец на решение на името.
Според анализите важен фактор кој што спречува позитивни чекори од Скопје во правец на решение за името е екс премиерот Груевски кој што пред Коѕиас бил наводно уплашен и загрижен за својата иднина. Според ИБНА Груевски очекува голема победа во октомври со 60 градоначалници од неговата партија.
Според анализита средбите меѓу Коѕиас и Димитров донесле позитивна клима и во медиумите од кои дел бараат владата во Скопје да направи компромис со Атина и да го отвори евро-атланскиот пат на Македонија.