Грчкиот неделник „Реал њуз“ тврди дека владата во Атина планира да и ја предложи на властите во Скопје варијантата „Вардарска Македонија“ како компромисно решение во спорот за името.
Неделникот кој често пати во последниве десетина години имаше прецизни информации за текот на преговорите за името и за позициите на грчката влада пишува дека името „Вардарска Македонија“ е соодветно затоа што со него Атина ќе ги прекине сите претензии од страна на Македонија.
Друга варијанта која што ја разгледува владата во Атина според весникот е „Република Скопје“ што се смета за нерелна затоа што Македонија во неколку наврати предходно истото го отфрлила како целосно неприфатливо.
Предлозите од Атина стануваат достапни до јавноста пред возвратната псоета на грчкиот министер за надворешни работи, Никос Кодзиас во Скопје, која што треба да се случи во текот на август на која што официјално, главна тема ќе бидат мерките за градење на доверба.
„Реал њуз“ повикувајќи се на високи владини извори тврди дека преговорите во меѓу Скопје и Атина реално ќе се водат по изборите во Германија, бидејќи, според весникот, Берлин игра клучна улога во регионот. На 24 септември оваа земја ја очекуваат сојузни избори на кои се очекува нова четврта победа на канцеларката Меркел.