Новиот кошаркарски прволигаш во нашата земја Блокотехна од Гевгелија ја забележа и третата победа во шампионатот откако во НБА стил со разорувачки напад ја победи екипата на Шкупи со 115-83. Најефикасни во составот на Марјан Илиевски беа Двејн Бенџамин со 28 и Данило Мијатовиќ со 25 поени. Во скопскиот тим кој поради проблеми со својата сала, во Гевгелија играше како домаќин, најдобар беше Херис со 27 коша.
Ова за Блокотехна е петти триумф без пораз од почетокот на годината бидејќи освен 3-0 во домашната лига, екипата има и две победи во БИБЛ конкуренцијата што е најдобра најава дека гевгеличани можат да бидат дел ид завршниците на двете домашни натпреварувања.
Попладнево во третото коло ов Првата лига ќе се сретнат Фени и Охрид односно Куманово и Карпош Соколи, а другите средби се в недела: Пелистер-Гостивар, во вторник: Кожув-Работнички и в среда: Струмица-МЗТ Скопје.