Катастрофата што ни се случи во мундијалските претквалификации летово ја урнаа нашата селекција до тој степен што извесно време ќе бидеме во аут, а потоа ќе се вратиме, но повторно за претквалификации и тоа за Европското првенство во 2021 година. Според жрепката денеска во Минхен ние сме во групата Ц со Словачка и Швајцарија со кои ќе треба да одиграме во двокружен бод систем и да бидеме први за да дојдеме до позиција да играме во главните квалификации. Тие се на програмата следното лето, а ние би требало да сме фаворити, но кој, по се што ни се случи во овој август, може да рече дека ние сме во нешто сигурни.