Кочан ќе повлече судии со себе во затвор

Повлекувањето на одлуката за притвор на бизнисменот Сеат Кочан, кој во меѓувреме се врати во земјава и во моментов е на лечење во Клиничкиот центар во Скопје, создава простор за постапка против членовите на Врховниот суд на Македонија. За најголем дел од правните експерти во земјава членот 169 не го оспорува извршувањето на веќе донесената одлуката односно жалбата не го поништува решението за притвор што предходно беше донесено.
“Петмина судии од Врховниот суд предводени од претседателот Јово Вангеловски сигурно ќе одговараат за злоупотреба на службена должност и за тоа кривично ќе бидат гонети, а веднаш би можело да се говори и за негово или нивно разрешување”-вели поранешната министерка за правда Мери Младеновска Ѓорѓиевска.
По двомесечното бегство и избегнување притвор, Сеад Кочан е на лекување, а според најавите од повеќе упатени во правосудството тој наскоро, сепак, ќе мора да седне на обвинителната клупа и да одговора на предметите со кои го товари Специјалното Јавно Обвнителство.