Костовски: Повеќе од десет дена нема екипи на ЈП хигиена-Скопје во Бутел

Повеќе од десет дека екипите ја ЈП Комунална хигиена-Скопје не се појавиле во Општина Бутел да го соберат ѓубрето, обвинува градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски.

„За Данела Арсовска, Општина Бутел како да не постои! Состојбата во Општина Бутел е алармантна, повеќе од десет дена екипите ЈП Комунална Хигиена-Скопје кои се под директна команда на Данела Арсовска, се немаат појавено на поголемиот дел од територијата на Општина Бутел“, напиша тој на Фејсбук.

Костовски вели дека сликите се заштрашувачки и додава дека  ваква неспособност на градските служби не е забележана никогаш во историјата.

„Додека не е доцна, апелирам слижбите на КХС-Скопје веднаш да излезат и да си ја завршат работата за која се платени од граѓаните ! Доколку Данела не е способна да се справи со овие основни задачи на градот Скопје, веднаш нека ги префрли ингеренциите на општините за да не трпат граѓаните“, напиша тој.